понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 67

Дуото „Риплеј“ со инструментална преработка на хитот „Despacito“ (ВИДЕО)

Скопското дуо  „Риплеј“ (Replay), кое минатата година ја претстави својата прва авторска песна „Така случајно“, продолжува и со одличните преработки на домашни и странски хитови, а последна во низата е одличната инструментална верзија на мегахитот „Despacito“.

За оние кои не знаат дуото „Риплеј“ го сочинуваат: Никола Велиновски – Црни – вокал и гитара, и Столе Коцев – сакс. Преработката е снимена кај Ангекл Ќосев во студиото „Подрумот“, а видеото е на бобо, додека зад камерата стои Кристијан Тодоров.

рп

Објавена во јануари годинава, песната на порториканските музичари Луис Фонси и Деди Јенки набрзо го освои целиот свет, а дополнително ја популаризираше и канадската ѕвезда Џастин Бибер, кој учествуваше во ремиксот каде што за првпат запеа на шпански јазик. Покрај „Риплеј“, од домашните изведувачи имун не остана ни Виктор Апостоловски, кој ја вметна во својотлатино мегамикс, а српската легенда Неда Украден си направи српска верзија насловена „Фаворит“.

Како звучи инструменталната преработка на „Риплеј“ можете да слушнете во продолжение.

#Коментари
[fbcomments]