среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 0

Вардар доби дочек каков што заслужи: Шампионите го донесоа пехарот во Македонија

Членовите на европскиот ракометен шампион Вардар им се обратија на навивачите на скопскиот плоштад кои и покрај многу топлото време во илјадници се собраа да ги поздрават своите херои.

Најкорисниот играч на Ф4 турнирот во Келн, Арпад Штербик им се заблагодари за прекрасниот дочек.

-Вие покажавте дека заслужено ја освоивме титулата која ви ја посветуваме вас. Се надевам дека и следната година ќе се видиме на ова место, изјави Штербик.

Игор Карачиќ:
-Заедно сме веќе пет години. Сонот што го сонувавме заедно ни се оствари. Уживај Македонијо, истакна хрватскиот репрезентативец.

Алекс Душебаев:
-Многу сум среќен за четирите години поминати во Вардар. Благодарам од срце на сите, на цела Македонија, рече Алекс Душебаев кој во следната сезона ќе настапува за полски Килеце.

Илија Абутовиќ:
-Не знам што да кажам. Благодарам на сите. Нека слави Македонија.

Жоан Кањелас:
-Ние сме шампионите, ама и вие сте шампионите. Сега знам зашто сите ја сакаат Македонија.

Лука Циндриќ:
-Сонот се оствари. Благодарам Македонијо. Уживајте сите.

Иван Чупиќ:
-Денеска сум горд што сум Македонец.

Тимур Дибиров:
-Нашата победа сте вие. Благодарам Македонија.

Александер Деревен:
-Го очекувавме овој пехар. Јас две години вие цел живот. И го имаме овој трофеј. Благодарам Скопје, Благодарам Македонија.

Данил Шикарев:
-Цел живот го чеков овој момент. Сите го заслуживме ова.

Благодарност за одличната атмосфера искажаа и Вуко Борозан, Владо Недановски, Страхиња Милиќ, Петар Ангелов, Мијајло Марсениќ, помошник тренерот Давид Дејвис Камара.

Тренерот Раул Гонзалес:
-Сите треба да сме горди. Цела Македонија да е горда на овие играчи кои одиграа со срце и со памет. Благодарност и до претседателот н аклубот Сергеј Самсоненко без кого немаше да бидеме тука. Ние сме најдобрите и така треба да се чувствуваме, потенцираше тренерот на новиот европски шампион.

Последен од шампионскиот состав се обрати капитенот Стојанче Стоилов.
-Заслуживте вие, заслужи Македонија, бидете горди на овие играчи. Горд што сум дел од Вардар европскиот шампион, рече Стоилов по што атмосферата кулминираше.

 

(ФОТО: МИА/Ивана Батев)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

#Коментари
[fbcomments]