понеделник, 26 јуни 2017  |  Вести денес: 59

Почнал со 200 долари, а за 3 месеци станал милионер

33-годишниот Тревор Чепмен работел како претставник на компанијата која продава соларни постојки. Бил незадоволен од работата, поради која не му останувало многу време за семејството. Затоа одлучил да започне бизнис на интернет. Со почетен капитал од 200 долари основал сајт кој се занимава со, како што вели, продажба на “машки дрангулии”.

Чепмен продава кинески “дрангулии”, како фиџет спинери, лежалки за надувување и работнички панталони од кевлар – машки играчки, кои може да се купат и на други места. Чепмен, меѓутоа, на време сфатил дека трговијата на интернет најбрзо носи профит.

“Мора да работите, како и на другите места, но не мора да се откажете од работа со полно работно време за да се обидите во тој вид на бизнис”, вели тој.

Трошоците за вложување, вели, биле многу мали. За 2,99 Чепмен купил домен, а за отворање на интернет продавница искористил пробна понуда од 14 долари. Неговиот сајт е лансиран на 11. ноември 2016. година, а основачот инвестирал во реклама на Фејсбук 100 долари дневно.

Чепмен сепак бил искусен продавач. Прво нудел уметнички дела со религиска тематика, но веќе по десет часа му станало јасно дека од тоа нема да биде ништо. Производот и целната група биле премногу специфични за продавницата да се разработи за кратко. Сфатил дека мора да се сконцентрира на производи кои се доволно возбудливи.

Во 2017. година лежалкитена надувување станале хит на интернет. Чепмен не бил првиот кој ги понудил, но работата одлично му тргнала. Производите ги купувал од Кина на сајтот “Ali-Baba” за пет долари, а ги продавал за 60. Притоа во Кина пронашол компании кои производите ги испорачуваат директно на купците. Со самото тоа, Чепмен не морал ни да ги увезува, ниту да ги пакува.

По само 2 месеци, остварил профит од 48 проценти пред одбивање на данок. Поради тешкотиите со кинеските партнери, кои ги замениле квалитетните лежалки со поевтини производи, отворил сопствен магацин во САД, со петмина вработени. Моментално се хит ракавиците и пантолоните за работа од кевлар. Клучот на неговиот успех ереакцијата на желбата на купувачите.

“Денес имате податоци за секој поединец”, вели Чепмен. Силата на трговијата на интернетот е во тоа што и најмалата продавница може да се рекламира.

извор:точка.мк
#Коментари