понеделник, 26 јуни 2017  |  Вести денес: 59

Симона Станковска – втора придружничка на „Мис на Евроазија 2017“

Минатиот викенд во Анталија, Турција се одржа изборот за Мис на Евроазија 2017. Убав успех направи нашата претставничка, Симона Станковска, која го освои третото место или титулата Втора придружничка.

Победничка е претставничката на Кина, а титулата Прва придружничка ја освои претставничката на Казахстан.

Нашата втора претставничка, Андријана Илиоска исто така успеа да освои титула, Мисс Кетвок или Најдобра во движење на пистата.

 

Нашите девојки, заедно со уште 50 други претставнички од Европа и Азија две недели престојуваа во прекрасниот хотел Гранада Луксорс во Белек, Анталија, каде што и се одржа големото финале.

Лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина ја има Модното студио Црнокрак, преку кое нашите девојки отпатуваа за Турција.

Тие на финалето се претставија во креации на нашата модна дизајнерка Јасмина Дракул, која специјално за оваа прилика ги изработи фустаните.

 

#Коментари
[fbcomments]