сабота, 19 август 2017  |  Вести денес: 0

Ципрас му ги повторил на Заев грчките позиции за името

Eвро-атлантската перспектива на Македонија, прашањето за името и можностите за развивање на билатералните односи,  биле теми за кои телефонски разговарале премиерот на Грција Алексис Ципрас и претседателот на македонската Влада Зоран Заев, соопшти денеска кабинетот на грчкиот премиер.

 

Ципрас и Заев размениле мислења и за промовирање на мерките за градење доверба меѓу двете земји, како и за состојбата во регионот.

Ципрас, како што информира неговиот кабинет, му честитал на Заев за преземањето на премиерската функција и уште еднаш ги повторил грчките позиции во однос на спорот за името.

Се очекува наскоро да има и средба на министрите за надворешни работи на двете земји, по поканата што ја упати шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас до неговиот македонски колега Никола Димитров да ја посети Атина.

Извор: Курир

#Коментари