среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 0

Фокус бенд на „Свадба голема“ (ВИДЕО)

Фолк групата „Фокус“ од Свети Николе неодамна го промовираше новиот спот за песната „Свадба голема“ која како комплетен автор ја потпишува нивниот колега, фолк пејачот и композитор  Далибор Ѓошиќ. Видеото е снимено на локацијата Градиште, која се наоѓа некаде помеѓу Свети Николе и Куманово, во непосредна близина на манастирскиот комплекс  „Свети Ѓорѓи“.

Во видеото кое го изработи Арт продукција покрај членовите на Фокус бенд, свое  учество зема и фолклорниот ансамбл од КУД „Јанко Глигоров“ од Свети Николе, во чии позајмени носии беа променети и членовите на групата при снимањето на видеото.

Инаку, Фокус бенд зад себе веќе имаат еден албум со 12 песни, насловен како „Жедни за мерак“, многу настапи и концерти во Македонија и надвор од неа како и неколку видеа за нивните песни. Нивниот нов албум се очекува да биде објавен годинава.

Фокус бенд го сочинуваат: Драган Панов – вокал, Кире Науновски – хармоника, Николче Тренчев – бас, Драган Ѓорѓиевски – соло гитара, Гоце Петков – тапани и Раде Нуневски – саксофон и кларинет.

Слушнете ја „Свадба голема“ и погледнете го видеото за песната во продолжение:

#Коментари
[fbcomments]