вторник, 26 септември 2017  |  Вести денес: 0

Шест видови храна за вечна младост

Храната што ја внесувате во вашето тело прилично влијае и на изгледот на вашата кожа. Соодветно на тоа, не  вреди ако користите најскапи и најдобри козметички производи, а  консумирате храна, која е штетна и лоша за вас и вашето тело.

Ќе ви откриеме листа на шест видови храна која е богата со хранливи вредности, за регенерирање, заштита и потхранување на кожата, косата и ноктите.

Боровинки

Ова овошје е моќен антиоксиданс кој помага  вашата кожа побавно да старее и има помалку брчки. Боровинките се како мали воини кои се борат против слободните радикали кои ја напаѓаат вашата кожа.

Совет: Бидете сигурни дека во вашата исхрана се вклучени органски боровинки, бидејќи во обработените боровинки се акумулираат повеќе пестициди отколку кај другите плодови.

Кокос

Кокосот е одличен извор на омега-3 масните киселини, кои се есенцијални киселини за одржување на вашата кожа да биде мека и за стимулирање на растот на косата. Овие “добри масни киселини” ја регенерираат клеточната мембрана на кожата која ја штити кожата од УВ зраците и загадувањето на воздухот.

Совет: кокосовото масло (што може да се најде во продавниците по прифатлива цена) може да биде и најдобриот тип на природна крема. Кремите за лице од кокосово масло се одлични за хидрирана кожа, додека истовремено ја балансираат  pH вредноста.

Авокадо

Како и многу други егзотични плодови и авокадото содржи висок процент на витамин Е, кој е суштински витамин за одржување на убавината. Авокадото, исто така, содржи витамин Ц, кој го стимулира колагенот и киселините кои влијаат на текстурата на кожата.

Совет: Ако не можете да си дозволите органско авокадо, можете да го јадете и обичното, бидејќи генерално се наоѓа  на листата на здрава храна која ја штити вашата кожа. Ладењето може да го забави созревањето затоа ставете го на сонце додека не омекне.

Чиа семе

Чијата е извор на есенцијални масни киселини. Тие се одлични, бидејќи  содржат целулоза, протеини и антиоксиданси, вредности кои им даваат дополнителна важност, особено за сјајниот изглед на кожата и нејзината текстура.

Совет: Чија семињата немаат никакви штетни честички и хемикалии, и се купуваат на грамови или пакувани, а може да се комбинираат со овошје и кокосово млеко и на тој начин да добиете здрав и лесен оброк кој ќе ја заштити вашата убавина.

Спирулина

Овие моќни алги богати со хлорофил, се моќна хранлива состојка која ја регенерира кожата, косата и ноктите. Спирулината има темно сино-зелена боја и е исто така богата со железо и витамин А, но и со протеини и детоксикатори на телото.

Совет: Од правот на спирулината  може во комбинација со некои овошја да се направи вкусен шеик. Бидете внимателни колкаво количество ќе ставите  во него, бидејќи спирулината има многу силен вкус.

Семки од коноп

Семките од коноп содржат протеини и аминокиселини, па  телото лесно ги апсорбира. Тие се богати со киселини, кои го регенерираат телото, заедно со железото, Б витамините и витаминот Е. Сите овие состојки и помагаат на вашата кожа, коса и нокти да бидат здрави, силни и еластични.

Совет: Јадете го семето заедно со салата, житарки, супи и колачи.

Извор: КумановскиМуабети

#Коментари