петок, 18 август 2017  |  Вести денес: 0

САМОУВЕРЕНА И ИНСПИРАТИВНА: Нема заби и има необичен изглед, а ја тресе модната индустрија! (фото)

Нејзиното име е Мелани Гајдос. Таа е храбра жена, која се соочи со суровата модна индустрија и победи!
Оваа 28-годишна Американка има генетско нарушување наречено екодермална дисплазија, од кое пати од денот кога е родена. Оваа ретка генетска состојба ги спречува забите, ноктите, порите, ‘рскавицата и коските да се развиваат нормално.

И покрај тоа што целиот свој живот Мелани е стигматизирана и етикетирана поради својот изглед, таа одлучила дека нејзината болест нема да биде граница за неа и пред четири години започна да работи како модел. Дефинитвно е еден од моделите кои успеаја да ја предизвикаат и трансформираат модната индустрија.

Мелани пред две години стави неколку дентални импланти, но потоа се откажа од овој долг и комплициран процес и ги извади.

Се чувствувам покомфорно токму како што сум, без додатоци. Можеби другите луѓе мислат дека сум некомплетна, но тоа е само затоа што тие имаат заби и не можат да разберат како е без заби. Мене не ми недостасуваат заби затоа што никогаш не сум ги ни имала за да започнам со нив. Престанав да носам перики и сега сум многу посамоуверена затоа што сум вистинската јас. Сега сум посилна и посреќна поради моето постоење, изјави во тој период Мелани.

Оваа манекенка досега соработувала со многу фотографи, а реакциите на нејзините фотографии се измешани позитивни и негативни, но дефинитивно сите остануваат без зборови.

Погледнете дел од нив!

#Коментари
[fbcomments]