петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 56

Марија Петковска ја претстави својата „Судбина“ (ВИДЕО)

Македонската фолк пејачка Марија Петковска вчера, среда, 07 јуни во скопскиот ресторан „Маргер“ пред новинарите, пријателите и колегите го промовираше својот дебитантски албум насловен „Судбина“.

Албумот содржи 10 песни и како што нагласи неговиот промотер, музичкиот новинар и водител на МТВ, Орце Гелевски, иако ова и не е баш најдобро време за македонската фолк естрада,  вистионска храброст и доблест е да се издаде едно вакво издание. Покрај ЦД-то, Беше промовиран и видеоспотот за насловната нумера од албумот чии автори се: Павле Трајков (музика и аранжман) и Андријана Миленкоска ( текст). Спотот е сниман во кафеаната „Балканика“ во Скопје и во атарот на локалитетот Св. Наум во Охрид, а реализиран од Арт продукција.

„Музиката и децата се мојата најголема љубов. Мајка сум на Ана и Јана, но и како мои ги чувствувам дечињата од градинката „25 Мај“, каде што сум вработена. Животот ми е песна. Пеам на сцена, дома и на работа. Сметам дека тоа е најубавото нешто – да живееше со песна“ – рече Марија, обраќајќи им се на присутните на промоцијата.

Албумот, кој е во издание на Сенатор рекордс од Битола. Покрај насловната нумера, на него се наоѓаат уште  и  песните: „Пуста желба“, „Тага моминска“, „Среќна да те дочекам“, „Немој зоро“, „Свадба„, „Вечер дојди ми“, „Ти си ми на меракот“, „Празна љубов“ и единствената преработка  „Се собрале комитите“.

Слушнете како звучи и погледнете го видеото за насловната нумера „Судбина“:

#Коментари
[fbcomments]