среда, 20 септември 2017  |  Вести денес: 74

Џорџ Клуни пресреќен и на седативи: Еве каде се породила сопругата Амал!

Амал и Џорџ Клуни пред два дена станаа родители на близнаци, момче и девојче, а убавата адвокатка и близнаците Ела и Александар се добро и се наоѓаат во апартман во болницата Челси и Вестминстер во Лондон.

Амал близнаците ги родила во овој апартман каде што, како што пишуваат светските медиуми, престој за еден ден чини 9750 евра, а цената на породувањето е 4700 евра. После породувањето госпоѓа Клуни била послужена со лосос, јагоди, но и шампањ за прослава.

На Амал во апартманот друштво и прави нејзината мајка, за да и помогне околу близнаците и изјавила дека породувањето поминало одлично. Јавноста е зачудена, но и воодушевена од изборот на имињата за близнаците Ела и Александар.

Откако Амал се породи, портпаролот на Клуни на шега изјави:

Џорџ е под седативи и се очекува да се опорави за неколку дена.

Најдобриот пријател на актерот и партнер во работата, некогашниот сопруг на Синди Крафорд, Ренди Гербер, на Клуни на домашна адреса му испратил пелени за близнаците.

Ти ја посакувам целата среќа, ќе ти требаат, му порачал Гербер.

#Коментари
[fbcomments]