сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 31

Конечно „Седум дена, седум ноќи“ – Димитар и „Тајфата“ ја објавија својата прва песна (ВИДЕО)

Денеска во кубанскиот ресторан „Каса Кубана“ во Скопје, Димитар Андоновски и „Тајфата“ пред припадниците на седмата сила, колегите и пријателите го промовираа долгоочекуваниот видеоспот за нивното првенче  –  песната „Седум дена, седум ноќи“.

Станува збор за  музичко парче, позади кое се потпишува братско-сестринскиот тандем, Лазар ( музика и аранжман) и Магдалена (стихови) Цветковски. 

 

Впрочем, со оваа нумера, Димитар и „Тајфата“ имаат намера на јавноста да и го претстават новиот музички фолк-поп правец, за кои тврдат дека ќе и се допадне на публиката.

 

„Со оваа песна сакаме да го најавиме новиот музички правец во Македонија, односно ќе имате можност да слушнете етно-поп тема за која сме сигурни дека ќе допре до публиката. Ние не застануваме тука, веќе се подготвуваме за снимање на заедничкиот албум, без разлика што настапите од ден на ден сè повеќе се зголемуваат“ – велат момчињата од тајфата на Димитар која ја сочинуваат:

Владимир Богески (клавијатури / вокал), Димитар Андоновски (виолина / вокал), Живко Чиртоски – Чирта (кларинет / саксафон) и Александар Тренчоски – Аки (хармоника / клавијатури).

 

Инаку спотот е снимен во Охрид, а реализиран е од страна на  „Веста продукција“, а како звучи „Седум дена, седум ноќи“ и како изгледа видеото за неа, слушнете и погледнете во продолжение:

#Коментари
[fbcomments]