четврток, 29 јуни 2017  |  Вести денес: 0

Халеп се избори за своето второ финале на Ролан Гарос

Романската тенисерка Симона Халеп успеа да се пласира во финалето на женскиот дел од турнирот на Ролан Гарос откако синоќа во второто полуфинале ја победи Каролина Плишкова од Чешка со 2-1 во сетови (6:4; 3:6 и 6:4 во гемови).

Таа во финалето на Ролан Гарос играше и во 2014 година.

Нејзината противничка Плишкова, која беше втора носителка, остана со финалето на УС Опен од 2016 година.

Халеп е рангирана како трета носителка и во финалето ќе игра против Јелена Остапенко од Летонија, која со 2-1 (7:6 (7:4); 3:6 и 6:3) ја победи Тимеа Башчински од Швајцарија.

Женското финале се игра во сабота, а денеска на програмата се машките полуфинални мечеви: Енди Мареј – Стан Вавринка и Рафаел Надал – Доминик Тием.

извор:курир

#Коментари