петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 76

SoundEdge – „Знаци во мене“ (АУДИО)

Групата SoundEdge го објави својот втор сингл “Знаци во мене”, од албумот SoundEdge Volume 1. По успехот на првиот синг “Тишина”  кој беше одлично прифатен (1 место на топ листите на сите поважни скопски и национални радија) “Знаци во мене” претставува логично продолжение на идејата и визијата на SoundEdge. Автор на музиката и аранжманот е Симеон Спировски, текстот го напиша Зорица Јаковлеска Спировска, пее Јана Гигова, а песната ја продуцираше Златко Симионски .

Во овој момент SoundEdge отвораат еден нов простор за спојување на музички изрази од некои минати значајни времиња и тоа што денес претставува  актуелна современа музика. Таа спојува луѓе, креативност, стихови и секогаш е EDGE- некаде помеѓу, со цел да биде различна и урбана, за да биде прифатлива без разлика дали ќе се вика рок или поп или само музика.

Групата во 2014 год. како проект бенд ја основаа Симеон Спировски и Александар Лазаревски. Две години подоцна (2016 год.) во студиото ДО РЕ МИ го снимаат првиот албум “SoundEdge Volume 1” на кој вокалите ги сними Јана Гигова. Музиката е на Симеон Спировски, текстовите ги напиша Александар Лазаревски, а на албумот гостуваат Зорица Јаковлеска Спировска и Владимир Жаков. Продуцент е Златко Симионски . “SoundEdge Volume 1” е веќе во продажба и истиот може да се најде во Југотон, ГТЦ.

Слушнете како звучи  „Знаци во мене“  во продолжение:

#Коментари
[fbcomments]