четврток, 29 јуни 2017  |  Вести денес: 0

Заборавете на морето, ова лето сите ќе се капат во Париз!

Градоначалничката на Париз, Ен Хидалго, потврдила дека водата во каналот е доволно чиста за во неа да може без проблем да се капе…

Ако ова лето веќе сте испланирале патување во Париз, не е лошо со вас да понесете и костим за капење, бидејќи градот на Сена има нова опција за туристите – капење во каналот Bassin de la Vilette!

Градоначалничката на Париз потврдила дека водата во каналот е доволно чиста за во неа да може без проблем да се капе. Така, од ова лето, Парижаните и туристите на располагање ќе имаат три нови базени со различна длабочина, а сите ќе се наоѓаат во 19-от арондисман. Поточно, тие ќе бидат изградени на јужната страна од Quai de la Loire, каде што се спојуваат каналите Saint – Martin и de l’Ourcq, а еден базен ќе биде исклучиво за најмладите.

Што се однесува до чистотата на водата, анализата покажала дека во еден милилитар се наоѓаат 15 – 20 различни бактерии, но со оглед на тоа што дозволениот број на бактерии е 100, заклучокот е дека тука водата е исклучително чиста.

Очекувањата се дека во „водните лудории“ дневно ќе уживаат повеќе од илјада посетители, а градските власти се надеваат дека плажите во Париз ќе станат уште еден од градските симболи.

Базените се уште една идеја со која се работи на разубавување на брегот на Сена. Така, неодамна на бреговите од реката е направен и голем парк за рекреација и покрај реката е забранет сообраќај за автомобили. Тоа очигледно постигнало резултати, бидејќи оттогаш загадувањето се намалило за 25 отсто.

извор:точка.мк
#Коментари