понеделник, 26 јуни 2017  |  Вести денес: 59

Од 8 до 11 јуни: Најдете време за себе и за нега на својата кожа на ДЕРМА ФЕСТ

Динамиката на секојдневието ја избегнаа илјадници посетители на Капитол мол кои конечно посветија време за себе благодарение на ДЕРМА ФЕСТ, кој започна во четврток, 08.06.2017, кој ќе трае до недела, 11.06.2017, и кој е прв настан од ваков карактер некогаш организиран во Македонија. ДЕРМА ФЕСТ се организира од 11 до 21 часот на приземје и први кат во молот.

Неколку експерти од областа на дерматологијата делеа стручни совети на посетителите за тоа како тие најдобро да ја негуваат својата кожа. Секој од заинтересираните беше информиран за својот тип на кожа и за производите кои можат најдобро да им помогнат за да имаат совршена кожа и да се чувствуваат здраво.За време на ДЕРМА ФЕСТ, покрај советите и производите за кожа, беа организирани и дополнителни активности каде посетителите беа информирани и за храната која го одржува физичкото и психичкото здравје.

Посетителите на ДЕРМА ФЕСТ добија ваучери и купони кои дополнително ќе им овозможат да се запознаат со состојбата на сопствената кожа и како истата да ја третираат. Целта на настанот е да ги поттикне сите да одделат време за себе во овие динамични денови исполнети со обврски и одговорности. Секоја минута посветена на здравјето и на себеси е минута повеќе која ќе се сподели со најблиските и саканите во иднина.

Ова е еден од најретките настани во Македонија и се одржува со поддршката и учеството на GUAM козметика, Avene, Taiva, dm,Sundance,Kedma, МAYA Вода,Рамстор, Еликсир Ексклузив, Lancome, Collistar и Biotherm,Sebamed Биокулт, Топ Шоп и АнифармBETTY Аптека.

 

#Коментари
[fbcomments]