сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 31

Америка има талент: Глува девојка со својот глас ги воодушеви сите!

Менди Харви е 29 годишна Американка, мошне талентирана девојка која пред десет години го изгубила слухот во целост, но сепак продолжила да се занимава со музика.

Откако на 18 години го изгубила слухот, Менди користејќи ја мускулната меморија и чувствувајќи ги вибрациите преку своите стапала, повторно ја ужива музиката.

Во популарното шоу „Америка има талент“ Менди Харви се претстави со своја авторска песна со наслов „Try“ каде ги фасцинираше сите.

Сајмон Кауел  кој важи за еден од најстрогите судии, го притисна златното копче и ја испрати Менди директно во настапите во живо.

Извор: Курир.мк

#Коментари