четврток, 29 јуни 2017  |  Вести денес: 0

Ѓоковиќ се одмораат во Србија: Новак со семејството пристигна во Белград! (ФОТО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ стигна во главниот град на Србија после разочарувачкиот настап на Отвореното првенство во Франција. После парискиот Гренд Слем, Новак одлучи да не оди во резиденцијата во Монако, туку да земе мал одмор и отпатува во родниот град.

Мојот Белград од небо, ми ги грее срцето и душата секој пат, напишал Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер стигнал во попладневните часови во Белград со синот Стефан и сопругата Јелена, која е бремена. Инаку приновата во семејството Ѓоковиќ се очекува во август, а Јелена ќе се породи во Монте Карло, каде што се породила и првиот пат.

#Коментари
[fbcomments]