сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 31

Сара Мејс му призна на Дамјан Пејчиноски – „Лажев“ (ВИДЕО)

Сара Мејс и Дамјан Пејчиноски  ја објавија новата песна насловена „Лажев“.

Музиката на „Лажев“ е заедничко дело на Сара и Дамјан, стиховите ги напиша Сара, а аранжманот го направи  Бојан Трајковски ( Ај Кју).

Новиот видео запис го реализираа Ѓорги Вацев и Пеце Здравковски, а за светлото се погрижија Нино Митевски и Љубиша Срделиќ. Спотот беше снимен во просторот на Македонска опера и балет во Скопје.

За шминката беше задолжено модното студио ФРАН, а за фризурата Hair House.

Овие две личности,  исклучителни македонски музичари, отсекогаш водени од љубовта која ја имаат кон музиката, секогаш се претставувале со изведби кои  допираат до сетилата на слушателите.

Така е и со „Лажев“, песна која ќе се роди од чувства кои директно ја поттикнуваат артистичката релација на Сара и Дамјан, откривајќи нешто што е посензитивно од вообичаено. Или лажат? Да… лажат! Ама само во стиховите на заедничката песна која, можете да ја слушнете и чие видео можете да го погледнете во продолжение.

#Коментари
[fbcomments]