понеделник, 26 јуни 2017  |  Вести денес: 60

Чувар раскажува за деновите на Цеца поминати во затвор: Се плашевме да не умре, постојано плачеше и одбиваше да јаде

Балканската фолк дива Цеца Ражнатовиќ беше уапсена во акцијата Сабја и во затвор помина околу шест месеци, а подоцна ѝ беше заменет со куќен притвор

За деновите кои пејачката ги поминувала во затвор српските медиуми објавија разговор со еден од чуварите во затворот кој за Цеца изјави дека постојано плачела, а неговите колеги се плашеле и дека може да умре.

-Како што минуваа деновите, така тежината на Цеца се намалуваше и постоеше опасност таа да умре од глад. Имавме една вага и кога застана на неа, Цеца имаше само 48 килограми, раскажува чуварот во Централниот затвор во Белград за времето кога таму престојуваше најпопуларната пејачка Цеца Ражнатовиќ.

Чуварот раскажува дека на секој начин се обидувале да ја разубедат пејачката да се откаже од штрајкот со глад, првенствено поради нејзините деца. Но Цеца го прекинала штрајкот дури откако ѝ се заканиле дека ќе ја префрлат во затворската болница.

– Инаку, Цеца беше речиси незабележителна, дисциплинирана и мирна. Не трошеше пари и не одеше во кантината. Чуварите ја обожаваа и ја гледаа додека се шеташе во дворот од затворот. Тоа не можевме да го спречиме, додава чуварот.

Извор: Република.мк

#Коментари
[fbcomments]