вторник, 26 септември 2017  |  Вести денес: 0

ДНК извадија видео од концертот во живо за темата „Темно е“ (ВИДЕО)

Македонскиот ар ен би двоец ДНК деновиве во етерот го пушти новото видео за темата насловена “Темно е”. Станува збор за композиција од албумот “Уште еден ден”, видеото  содржи кадри, односно е измонтирано од делови, фрагменти  и моменти од славеничкиот концерт на ДНК по повод 15-годишниот јубилеј одржан на 12 мај во Метрополис арената во Скопје.

 

“Се надеваме дека ќе уживате во песната, а сите оние кои беа на концертот ќе се потсетат на атмосферата и можеби ќе се пронајдат на самото видео (слободно тагнете се).

Сите оние кои не беа еве им можност во кратки црти да видат како беше на истиот, а целосниот концерт очекувајте го кон крајот на септември на една од Македонските телевизии, па потоа и на нашиот официјален јутуб канал” – велат Панчо и Андреј претставувајќи го видеото за „Темно е“ кое можете да го погледнете во продолжение. .

#Коментари
[fbcomments]