среда, 20 септември 2017  |  Вести денес: 74

Направете сами: Кремаст сладолед од кафе

Освежете се во овие жешки денови со неодоливиот кремаст сладолед од кафе.

Потребни состојки:

• 3 лажички инстант кафе

• неколку лажички вода (за да се раствори кафето)

• 200 мл. кондензирано млеко

• 600 мл. слатка павлака

Припрема:

1. Растворете го инстант кафето со малку вода. Изматете го кондензираното млеко, додадете го кафето, па потоа уште еднаш изматете.

2. Во поголем сад, изматете ја слатката павлака, а потоа додадете ја претходно подготвената смеса.

3. Добро промешајте за да се соединат состојките. Вака подготвениот сладолед ставете го во замрзнувач, најмалку два часа.

4. Сервирајте кога смесата целосно ќе се стврдне и излади.

Пријатен апетит!

Извор: Точка

#Коментари