недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 38

Кое овошје е добро за здравјето?

Постои овошје кое не е здраво за вас? Научниците не велат дека овошјето е лошо, но некои врсти овошје се исклучителни здрави и добри за вас.

Јадете лубеница за да останете хидрирани. 92% од лубеницата е вода, а јадејќи лубеница го намалувате ризикот од висок притисок, ги опуштате мускулите и го храните телото со многу витамини. Најздравата состојка во лубеницата е цитрулинот кој се наоѓа во белиот дел од кората. Оваа состојка се разложува во амино киселина и е погодна за здравјето на внатрешните органи, белите дробови и репродуктивниот систем.

Јаболките се супер ако слабеете. Тие соджат големо количество вода и хранливи влакна па ве држат сити без да наталожите калории. Полифенолот кој се наоѓа во кората на јабокото докажано го намалува ризикот од срцеви заболувања. Но, јадете црвени јаболки, таму се крие полифенолот.

Ќе се изненадите колку благодети крие во себе црвениот грејпфрут. Половина грејпфрут ќе ве снабди со 64% од препорачаната количина витамин Ц, доза протеини, витамин А, тиамин и магнезиум. Ова овошје е исто така богато со антиоксиданси меќу кои и ликопенот. Овој антиоксиданс игра важна улога во борбата против ракот.

 Извор: Кајгана
#Коментари