понеделник, 26 јуни 2017  |  Вести денес: 59

Од булимија до полигамија: Мрачните тајни на првите дами кои сакале да ги сокријат!

Секоја жена има некоја тајна, опсесија, хоби, скриена слабост… Ниту првите дами кои стоеле рамо до рамо покрај претседателите на држави, не изостанале во тоа, па имало такви кои имале скриени болести, трошеле огромни суми на пари од државниот буџет, се советувале со астролози, тајно пиеле алкохол.

Џеки Кенеди

Иако пушењето во времето кога Џон Ф. Кенеди бил претседател било многу распространето, сепак општеството не го прифатило како нешто што е природно за првата дама. Џеки Кенеди била пасиониран пушач, но на сите фотографи кои соработувале со Белата куќа им било забрането да ја фотографираат додека држи цигара.

Мери Линколн

Мери потекнувала од доста моќно семејство и не знаела како е да се нема пари. Кога станала прва дама трошела голема сума на пари на реновирање на Белата куќа, а како последица на тоа бил големиот скандал бидејќи во тоа ги злоупотребувала парите кои биле наменети за американската војска.

Имелда Маркос

Вдовицата на десеттиот филипински претседател е уште една прва дама која е позната по трошење на голема сума на пари. Откако добила пристап до државниот буџет, таа почнала да троши пари на скапоцени чевли. Кога претседателот Маркос побегнал од државата после државниот удар, во неговиот дом се пронајдени преку 1000 пара чевли на Имелда.

Принцезата Дајана

Додека принцезата Дајана денес медиумите ја опишуваат како совршен спој на убавина и женственост, малкумина знаат дека таа всушност не толку го сакала својот изглед, поточно нејзиното тело и боледувала од булимија.

Карла Бруни

Поранешната прва дама на Франција романсата со некогашниот претседател Саркози ја започнала веднаш и нивната венчавка следела набрзо после нивната прва средба. После тоа, Карла признала дека таа повеќе е за полигамија отколку за традиционален брак.

Рејчел Џексон

Рејчел била жена на 7. претседател на САД, Ендру Џексон. Тие се венчале во 1794 година, а после склучувањето на бракот е откриено дека Ендру не бил единствениот сопруг на 27-годишната Рејчел. Иако се омажила за него, таа пред тоа никогаш не се развела од првиот сопруг Луис Робардс.

Кралицата Ранија

Ранија е жена на јорданскиот крал Абдулах II и секогаш изгледа беспрекорно и се однесува во склоп со својата позиција. Таа има една скриена опсесија: да носи златни чевли украсени со дијаманти, кои поради украсите тежат и до половина килограм секоја, што нејзе очигледно не и смета.

Хелен Тафт

Хелен била жена на Хауард Тафт кој бил претседател на САД за време на прохибиција. Таа ја игнорирала забраната за продажба на алкохол и не само што не престанувала со илегално производство на алкохол, туку присуствувала и на забави каде што се послужувало шампањ и пунч.

Ненси Реган

Ненси била позната како најблиска соработничка и советничка на својот сопруг, 40. претседател на САД, Роналд Реган. Но малку кој знае дека таа прво се советувала со астролози, па после тоа му давала совети на својот сопруг.

Бернадет Ширак

Иако мудро се преправала дека не ги забележува скандалите поврзани со својот сопруг, некогашниот француски претседател Жак Ширак и неговата тенденција кон полигамија и нелегални работи, изминатите години семејните тајни испливаа во јавност.

#Коментари