среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 0

(ВИДЕО) Каролина Гочева Ви подарува „Свет без граници“

По соработката за песната “Зборови немам” во 2015 година, нашата позната поп-пејачка Каролина Гочева направи уште една соработка со одличниот македонски композитор Дуке Бојаџиев, но овојпат за песната насловена „Свет без граници“.

Песната е комплетно дело на Бојаџиев кој ги потпишува музиката, текстот, аранжманот и продукцијата, додека кларинетот е отсвирен од Исмаил Лумановски, виолините се на Владимир Крстев, а басот го свири Трајко Симоновски. Песната со едно необично видео инспирирано од детската имагинација и фантазија, Каролина ја промовираше на интернет каналот Јутјуб и социјалните мрежи.

Драги мои

Откако пред неколку месеци имавте можност да чуете мал дел од нашиот “Свет без граници”, со Дуке Бојациев решивме да ви ја подариме и целата песна, притоа направивме и едно симпатично lyric video за кое ни помогнаа цртежите на првачињата од ОУ “Љубен Лапе” од Скопје и рачето на нашата Дариа.

Уживајте!

#Коментари
[fbcomments]