петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 56

Несторовски се фати за глава: Судиите му простија на Рамос играње со рака и класичен пенал за Македонија (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација доживеа пораз од Шпанија од 1-2 на арената „Филип Втори“ во Скопје во рамки на 6.коло во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година.

Шпанците доминираа во текот на целиот натпревар, имаа и заслужено водство постигнувајќи два гола, а стерлци беа Давид Силва и Диего Коста.

Сепак она она што го прогледаа низ прсти судиите на мечот е недосудениот пенал за Македонија.

Серхио Рамос во дуел со Илија Несторовски играше со рака во сопствениот шеснаесетник, а тоа убаво го забележа објективот на Екипа.мк, но не сакаше да го забележи и санкционира главниот судија на натпреварот, Полјакот Павел Гил.

Иако Несторовски знаеше дека ова е чист пенал, набрзо следуваше свирежот за крај на мечот и водство на црвената фурија од 1-2 во Скопје.

#Коментари