четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 37

Настапи на меѓународни турнири на помлади генерации на ФК Вардар

ПОМАЛИТЕ ПЕТЛИЊА НА ВАРДАР НА 5-ТО МЕСТО ВО НОВИ САД

Вардаровата генерација на фудбалери родени 2003 година учествуваше на меморијален турнир „Стеван Нештицки“ во Нови Сад, и го освои петото место.

„Црвено-црните“ во првото коло од турнирот беa поразени од репрезентацијата на Република Српска со 2:0. Во второто коло загуби од Академија Сеак Сегед со 2:1. Во натпревар за петтото место, Вардар го совлада тимот на Политехника (Романија) со 2:0.

ГЕНЕРАЦИЈАТА 2007 ГОДИНА СТИГНА ДО 1/4 ФИНАЛЕ НА КУПОТ „ДРАГАН МАНЦЕ“

На Купот „Драган Манце“ кој што изминативе денови се одржуваше во Белград, Србија, Вардаровата генерација на фудбалери родени 2007 година, стигна до 1/4 финалето.

Избраниците на Зоран Петковски најпрво ја совладаа репрезентацијата на Стара Пазова со 6:0, па беа подобри од ПОФК Петар Пуача со 5:1. Во последниот натпревар од групата, Вардар го совлада тимот на Савациум со 3:0, и како првопласирана во групата продолжи во 1/8 финалето.

Таму „црвено-црните“ беа подобри од тимот на Петлич Смедерево со 2:1, а во 1/4 финалето се сретнаа со Вашариште Крагујевац. Српскиот тим беше подобар и со резултат 2:0 го совлада нашиот тим.

ВАРДАРОВАТА ЕКИПА 2008 ГОДИНА СО ДВЕ ПОБЕДИ НА КУП „ВУЈАДИН БОШКОВ“

Генерацијата 2008 година во Нови Сад на Куп „Вујадин Бошков“ одигра седум натпревари, на кои забележа две победи, едно „реми“ и четири порази. На овој младински турнир на кој учествуваа екипи од целиот Балкан, Вардарци не успеаја да се пласираат во 1/16 финалето.

#Коментари