петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 56

И татко и дедо за Вардар навивале

Од салата во Кале, па во салата во Расадник, па повторно во Кале, во сезоната пак 2013/2014 година натпреварите од Лигата на шампиони и СЕХА лигата ,Вардар ги одигра во С.Ц. ,,Борис Трајковски”, за од наредната сезона да се пресели во својот нов дом во С.Ц. ,,Јане Сандански”, а оваа година да успее да се качи на тронот на Европа, во Ланксес Арена во Келн, пишува Лидер.

И сега откога малку слегнаа страстите и емоциите, повторно човек се наоѓа пред истиот заклучок ,колку и да се напише, повторно ќе биде малку, едноставно затоа што толку е голема Титулата Европски Првак која ни ја донесоа ракометарите на Вардар.

Да ги прашате пак и,”најлудите” навивачи на Вардар, дали можат да поверуваат во ова што се случи, сигурно ќе ви одговорат дека можеби сонуваат, но, да не ни помислите да ги разбудите. Од друга страна пак, колку е голема и заслужена круната со која Вардар е крунисан за крал на Европа, говори и фактот, дека, Вардар оваа година ги има победено сите клубови кои беа главни фаворити за освојување на Титулата, да не заборавиме дека тие лесно ја освоија и титулата во регионалната СЕХА лига, победувајќи го во финалето и последниот учесник на Ф-4 турнирот во Келн, унгарскиот Веспрем.

Ноќта по победа во финалето над големиот и скап ,ПСЖ ,Македонија, особено Скопје едноставно експлодираше,толкаво излевање на позитивни емоции може да се каже дека немаше ниту кога кошаркарите на Македонската репрезентација го освоија четвртото место во Литванија. Едноставно кажано со навивачки жаргон, Скопје гореше.

Од друга страна пак тешко дека било кој фан на Вардар можеше да замисли дека црвено-црната армија ќе почне да се зголемува со навивачи од Исланд, Шпанија, Хрватска, Германија…

И пак ќе се врати човек на почетокот ,колку и што и да пише, пак ќе биде малку, НО една работа сепак мора да се спомене и нагласи, Титулата на Вардар за која е неспорно дека заслужни се ракометарите на Вардар и целиот стручен штаб на чело со феноменалниот Раул, сопственикот Самсоненко и сите останати …ИСТО толку заслужни се и сите претходни ,,генерали” на Вардар, ( уште ни е во свежо сеќавање човекот на кого срцето му е црвено и црно, неповторливиот Вујо Мајсторе), сите поранешни играчи и сите поранешни структури на клубот… потоа сите генерации на навивачката група Комити, сите генерации на сите Вардарови симпатизери кои не го оставија клубот ни во најтешките моменти во историјата …, бидејќи како што велат Комитите во една нивна песна, ,”И татко и дедо за Вардар навивале” , а токму и затоа Вардар е, “ Еден Живот , Една Љубов”…слоган на кој е автор еден од најголемите навивачи на Вардар.

П.С.Во август Вардар ќе се обиде да го освои светот и тогаш повторно да го пречекаме сите заедно , но сепак мора да се слушне гласот на навивачите на Вардар и пречекот да биде, ПОВАРДАРСКИ .

Извор: Курир.мк

#Коментари