недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 38

Инфантино во Кина, се крчка Мундијал во 2030

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ќе ја посети Кина, а како причина за посетата медиумите ја наведуваат потенцијалната организација на Светското првенство во оваа земја.

Инфантино в среда ќе оствари средба со претседателот на Кина, Си Џинпинг.

-Сонот што го делат многу Кинези е нашата земја да биде организатор на светско првенство во фудбал. Се надевам дека тоа ќе се случи во блиска иднина, рекол министерот за надворешни работи на Кина, Лу Канг.

Кангрекол дека во Кина очекуваат добра соработка, со ФИФА и со националните сојузи на другите држава.

Според пишувањата на водечките светски медиуми, Кина е меѓу главните кандидати за домаќин на Светското првенство во 2030 или 2034 година.

Извор: Курир.мк

#Коментари