петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 56

Ким Кардашијан може „вода да и носи“ : Македонката Кристина Филипова е светска секс бомба!

 

Ако Ким Кардашијан важи за најпозната светска старлета и трендсетерка, тогаш ова наше девојче е на добар пат да и ја помрачи славата и превземе приматот. Сигурно дека не е ни од далеку толку позната и популарна, но според она што има да го понуди и покаже, јасно е дека Ким Кардашијан на нашата Кристина Филипова може само „да и носи вода“!

Со атрибути од кои кога ќе ја видите ви се заврти во главата, а страстите ви го зашеметуваат умот, Кристина со она што го поседува на прва ја поттикнува волшебната игра на сетилата, па копнежот и желбата за… Ви е загарантирана!

На нејзиниот Фејсбук профил стои дека оваа 25 годишна скопјанка студира на Економскиот факултет при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а во моментов живее и работи како топ модел во еден од светските центри на модата, Милано – Италија.

Очигледно дека нејзина опсесија се тетоважите па своето тело Кристина го има доволно украсено со со различни слики и симболи. Естетските корекции се само мало надополнување на она што и го дала мајката природа, а кај оваа Македонка, очигледно не штедела… ни однапред, ниту одзади!

Кристина во својот опис вели дека се уште е сингл, иако тешко е за верување дека ваква „секс бомба“ седи осмена… Конечно, фрлете само еден поглед на нејзините фотографии и „експлозијата“ ви е загарантирана. Па дури профилот на Кристина и да е лажен?!

 

#Коментари
[fbcomments]