вторник, 22 август 2017  |  Вести денес: 20

Мајка од хорор филм: Нема да верувате како го казнува своето бебенце! (ВИДЕО)

Полицијата во Флорида разгледува случај каде што неименувана жена, дозволила змија да ја касне нејзината едногодишна ќерка.

Американката притоа изјавила дека сето тоа било од воспитен карактер. На „поучното“ видео, кое што мајката го објавила на својата Фејсбук страница, се гледа како мала змија го каснува девојчето кое се приближува до неа. Тоа почнува да плаче, а мајката се смее.

По бројните реакции од нејзините виртуелни пријатели, жената го тргнала видеото, но потоа и прокоментирала дека луѓето „се претерано чувствителни”.

– Таа змија ме каснала и мене и синот неколкупати. Безопасна е. Забите на влекачот се толку мали, што тој е неспособен да ја пробие кожата на детето. Мојата ќерка заплака, зашто се исплаши, а не затоа што ја здоболе. По ова што се случи, таа веќе не сака да се приближи до змии. Таа не се плаши од нив, но нема ни да ги допира, тоа беше и целта. Никогаш не би го повредила своето дете, објаснува жената.

 извор:сител.мк
#Коментари