недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 38

Пороен дожд и грмежи: Од утре дестабилизација на времето, еве каков викенд не очекува

Променливо и нестабино време со локални врнежи од дожд со променлив интензитет и проследени со грмежи се најавува од утре попладне.

Утре доцна попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено на западот од земјава, а локално се очекува процесите да бидат поинтензивни. Повремени врнежи ќе има и во текот на ноќта, како и во четврток претпладне, а преку денот облачноста ќе се намалува.

Позначителен влажен бран се очекува и во сабота попладне. За време на викендот ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително намалување на дневната температура.

Извор: Курир.мк

#Коментари