недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 38

Сончево и топло, па дожд и грмежи- еве какво време не` очекува од утре до недела

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло, доцна попладне и во вечерните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во западните делови. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 27 до 34 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8.

 

Во Скопје претпладне ќе биде сончево и топло со мала облачност, доцна попладне и во текот на вечерта ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 31 степен.

Повремени врнежи од дожд ќе има и во текот на ноќта кон четврток, како и претпладне, а преку денот облачноста ќе се намалува.

Позначителен влажен бран се очекува во сабота попладне, а за време на викендот ќе дува засилен северен ветер, а ќе има и значително намалување на дневната температура.

Извор: Курир.мк

#Коментари