петок, 18 август 2017  |  Вести денес: 0

Елена Ристеска мераклика да ти била на… лимон и текила!

По објавувањето на албумот „Без шминка“ во последните денови на декември 2015 година и дует песната со Хари Мата Хари, Елена Ристеска има нова песна. Откако  уште пред неколку месеци сподели фотографија како работи во студиото во друштво на  Дарко Димитров и братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветкоски, беше јасно дека наскоро ќе слушнеме  нешто ново од  македонската поп дива, направено во музичката лабораторија на звукот на нашите познати музички автори и продуценти.

Токму деновиве Елена ја претстави темата „Tequilla & Lemon (Beverly Pills Remix)“, која уште при првото слушање ветува дека ќе биде еден од хитовите што ќе го одбележи летово. Пејачката и овој пат ги здружи силите со долгогодишниот соработник Дарко Димитров, а песната издадена под етикетата на „Ефектив рекордс“ (Effective Records) можете да ја слушнете во продолжение.

#Коментари
[fbcomments]