вторник, 26 септември 2017  |  Вести денес: 0

Неделен хороскоп 12 Јуни – 18 Јуни

Овен

Работа

Мислењето на другите неделава многу ќе делува врз вас. Можеби ќе се нервирате и ќе се карате поради плеткањето на другите во вашиот живот, но подобро е да се смирите и убаво размислете кого ќе го слушате, а кого ќе го игнорирате. Не обрнувајте внимание на ситните озборувања и подметнувања на работното место, бидејќи ги има доста, дури и оние кои ве сакаат и ви мислат само добро. Имате доста тешкотии и ќе морате да се откажите од нешто, но внимавајте од што. Вашата потреба за акција може да ви донесе и здраствени пречки.

Љубов

Едноставно како да не ќе можете да престигните да посветите доволно внимание на вашиот партнер, па затоа можни се и некои расправии. Бидете повеќе внимателни во односот со него, а ако повеќе време не сте задоволни од врската ставете точка и расчистете. Слободните ги очекува љубов на прв поглед која ќе ви донесе убави моменти.

Здравје

Проблеми со несоница и главоболки.

Бик

Работа
Ќе помислите дека ништо не ви оди од рака. Односите со околината ви се лоши, а нема да се сложувате ниту со претпоставените ниту со колегите на работа. Ќе биде нагласен отпорот и ограничувањата. Ве советуваме да се воздржите, бидејќи во вашите настојувања нема да бидете многу успешни. Иницијативата во врска со некоја важна работа препуштете му ја на личност која е одговорна за нејзино извршување. Некои од вас ќе имаат прилика да заработат пари неочекувано.

Љубов
И приватните односи ќе ви бидат во криза, внимавајте од љубомора. Оние кои се во брак ќе треба цврсто да се држат заедно за да можат зеднички да го решат проблемот кој ги засегнува. Ако сте слободни, излегувањето со една важна или многу драга личност предвидува дека вашите замисли комплетно ќе се реализираат. Бидете фини, складни и недостижни во конверзацијата, бидејќи само така ќе оставите добар впечаток.

Здравје
Водете повеќе сметка за здравјето и бидете посмирени, само така ќе ги избегните пречките со срцето.

Близнаци

Работа

Прекрасно се чуствувате, задоволни сте, а причината е индивидуална. Некои претставници очекуваат деловна експанзија, некои се во нов интересен проект, а пак некои започнуваат со бизнис. Бидејќи периодот е поволен, препуштете се на ваш својствен начин. Ведрината во вас ви дава сила целосно да се посветите на работата, но и задоволството со кое оди бидејќи и финансиите ќе ви се подобрат. Мала нервоза е нормална состојба, бидејќи почесто сте под стрес било тоа да е работен или пак семеен. Ќе бидете во форма и за сите видови интелектуални активности. Искористете го периодот за учење.

Љубов

Вашата љубовна врска се продлабочува, а вие станувате свесни за досега скриени ситници. Во однос на партнерот подгответе некое изненадување и внесете повеќе креативност. Родените во Јуни особено ќе бидат емотивно напнати и експлозивни. Можеби ќе завршите некои љубовни приказни или нерасчистени роднински сметки.

Здравје

Добро, можни се повреди при работата, внимавајте на вратот.

Рак

Работа

Нервите ви се при крај и со некој свој непромислен потег или дрскост можете да привлечете внимание кај другите. Потрудете се да го намалите отпорот од околината, со ароганција само се зголемува. Време е да завртите нов лист и да го напуштите сето тоа што ве оптеретувало веќе подолго време. Ќе се чуствувате подготвени да тргнете понатаму што ќе ви донесе подобрување во вашата психичка состојба. Подгответе се за нови и возбудливи настани кои ќе ги има доста.Немојте да барате помош од страна бидејќи таа може да биде недобронамерна или некритична.

Љубов

Ако сте во сериозна врска овој период е важен за нејзината иднина. Слободните би можеле да започнат нова љубовна приказна, некој ќе превземе се за да ве освои. Брачните врски се под добро влијание на планетите, па затоа можеби ќе размислувате за проширување на вашето семејство. Во кругот на семејството се чуствувате среќно и за да остане тоа така ќе мора повеќе време да останувате во него.

Здравје

Mожни се проблеми со желудникот. Намалете со храната.

Лав

Работа

Работите не можат да чекаат. Доколку нешто сте пропуштиле неделава тоа мора да го надополните. Ќе бидете во некоја занесеност, а тоа ќе ви биде и главна мотивација за сите ваши активности. Меѓутоа во овој период ќе морате со повеќе внимание да му се посветите на професионалните барања. Многу е важно со кој влегувате во работа. Одбирајте ги деловните партнери и соработници. Занимавањето со креативна работа и правилното користење на енергијата ќе ви донесе конкретни резултати. Ве очекуваат финансиски потешкотии кои успешно ќе ги разрешите.

Љубов

Многу ќе ве нрвира тоа што некои сакаат да се мешаат во вашиот приватен живот. Ќе бидете под притисок да постапите на одреден начин, а во вас се јавува отпор и желба за слобода. Родените во третата декада ќе имате убаво љубовно доживување и продлабочување на односите во вашата врска.

Здравје

Здраствената состојба ви е доста чуствителна, внимавајте на крвниот притисок.

Девица

Работа

Неделава би било добро да се држите само на сигурните деловни стази и проверените контакти. Не бидете премногу сигурни во новите пријателства и не му се доверувајте секому. Некои од вас ќе се впуштат во нови деловни авантури и експерименти, но ве советуваме да бидете претпазливи во секој момент. Ќе ви се овозможи прилика за кратка осаменост, но не претерувајте во тоа. Ќе наидете на препреки во работењето доколку се занимавате со инателектуална работа. Бидете внимателни во вложувањето во ризични ситуации, бидејќи можете да дојдете до големи финансиски загуби.

Љубов

Ќе успеете да ги спречите љубовните проблеми, односно губење на личноста во која сте вљубени. Вашата љубов ќе ја дарувате на саканото лице. Ќе бидете многу интересни во друштво, а во слободното време ќе бидете опкружени со вашите пријатели. Потикнати од љубовта, среќни и расположени ќе работите одлично и ќе имате резултати подобри од очекуваните.

Здравје

На вашиот организам му требаат витамини.

Вага

Работа

Премногу се оптроварувате со работи кои во овој момент не ви се достапни. Тоа кај вас предизвикува нервоза. Со тоа не само што можете да ги пореметите односите во средината во која живееете и работите, туки и себе си да си предизвикате здравствени проблеми. Паметно испланирајте ги и реализирајте ги вашите деловни акции. Совладајте ја нервозата и ќе ја спречите главоболката. Не се двоумете туку веднаш изберете некој од колегите кој може да ви помогне и разработете ја работата по етали. Само на таков начин очекувајте дека ќе имате успех. Поставувате свои услови и брзо ќе забележите дека и другите ги прифаќаат.

Љубов

Ве очекува пријатно изненадување во вашето семејство. Конечно ќе ви успее да ги погодите намерите на вашиот партнер, кои ќе бидат нешто сосема друго од она што сте го очекувале на почетокот. Ќе забележите дека некој посебно се интересира за вас.

Здравје

Здраствената состојба ви е чуствителна-ве очекуваат главоболки.

Скорпија

Работа

Надворешните прилики ќе бидат завртени против вас. Иако проблемите воглавно ќе бидат обијективни, од деловна природа, вашата приватна сфера ќе трпи. Искористете го моментот бидејќи само со одлучна акција ќе го решите порблемот. Доколку ги вербализирате и тактизирате работите, би можеле да пропуштите одлична прилика. Растргнати сте помеѓу желбите и можностите. Не ви е лесно, но ќе мора да бидете трпеливи. Ќе успеете да го реализирате тоа што сте го наумиле, бидејќи не се откажувате така лесно.

Љубов

Во семејните и љубовните односи бидете попустливи, па дури и ако знаете дека сте во право. Потребна ви е поддршката и разбирањето од другите. Пронајдете алтернативен пат. Во овој момент успехот и тешкотиите се нераскинливо поврзани. Ако сте слободни приликите за нова врска се поволни, но внимавајте вашето однесување да не ви ги расипе плановите.

Здравје

Здравствената состојба неделава ќе ви биде задоволителна.

Стрелец

Работа

Внимавајте да не ја трошите енергијата на непотребни работи. Не делувајте многу емотивно на евентуалните закаснувања или препреки и не размислувајте за неважни работи кои се надвор од доменот на вашата работа. Ќе ви бидат нагласени духовните особини. Ќе барате друштво на луѓе со кои делите политички или религиозни ставови, уметнички или образовни интереси. Ќе имате доволно време и да се посветите на секојдневните активности. Ако планирате да започнете нов проект, не двоумете се, ве очекува успех и поддршка од соработниците.

Љубов

Емотивниот живот се стабилизира и покрај разнишана самодоверба. Ако имате партнер можете да го искористите овој момент за обновување на чуствата, па за тоа можете да организирате романтична средба која долго ќе остане во вашите сеќавања. Ако сте и понатаму незадоволни во љубовта променете нешто но не бегајте од проблемите.

Здравје

Можеби ќе бидете малку нервозни, но одморот ќе биде вистински лек за тоа.

Јарец

Работа

Чуствувате минлива напнатост, но сепак ќе бидете мирни, а расположението ви се враќа. Дозволете си себе си повеќе време, негувајте го својот изглед. На некои од вас ќе му се исполни некоја стара желба. Односите на работното место не се онакви какви што посакувате, но треба да знаете дека не треба постојано да се наметнуавте со своите ставови. На финансиски план нема да дојде до некои поголеми промени, но внимавајте некоја непромислена одлука од ваша страна да не предизвика непланирани трошоци.

Љубов

Во љубовта ќе морате поотворено да разговарате со вашиот партнер ако сакате да ги избегнете недоразбирањата. Обидетет се, ќе бидете изненадени од тоа колку вашиот партнер има разбирање за вас. Оние кои се во брак на некој начин ќе се обидат да ја избалансираат врската со партнерот. Но од него треба да очекувате онолку колку што сте спремни да дадете. Слободните претставници ги очекува опасен предизвик.

Здравје

Проблеми со крвниот притисок.

Водолија

Работа

Ве очекуваат доста новини во полето на работата, особено оние кои се занимаваат со интелектуална работа. На ова поле најдобро ќе ги извршувате работните задачи, највероватно поради добрата интуицијата и концентрацијата која неделава ќе доминира кај вас. Доколку работата ви е поврзана со повеќе луѓе, контактитете ќе ве измачуваат. Не влегувјте во непотребни расправии. Гледајте си ја вашата работа. Финансиската состојба и покрај сите очекувања, останува иста.

Љубов

Во љубовта не се препуштајте само на вашите страсти туку погледнете малку и во срцето на вашиот партнер. Можете да очекувате мали недоразбирања со партнерот околу роднинските односи. Потрудете се да се дистанцирате од вообичаените семејни нетрпенија. Бидете подготвени на компромиси. Слободните претставници ќе сакаат да се запознаат со личност која не покажува никакви интереси.

Здравје

Здраствената состојба ви е релативно добра, земајте ги редовно лековите кои ви ги препишал вашиот лекар.

Риби

Работа

Ќе бидете почуствителни од обично. Односите со околината ви се отежнати. Премногу сте горди за да прозборите за вашите проблеми и не сакате да се соочите со работниот неуспех. Сепак секоја ситуација делува корисно. Ослободете се од погрешни навики и прифатете ги зборовите од другите како добар патоказ за понатаму. Премногу темпераментно делувате во ситуациите за кои вашата околина или сакана личност има поинакво гледање и решение. Кај некои Риби постои можност за контакти или настапи во медијумите. Би било добро вашето внимание да го свртите кон нешто кртеативно, популарноста на тоа поле би била поголема.

Љубов

Во љубовната врска во која се наоѓате владее една слична состојба. Па размислете и одлучете што сакате и што очекувате од вашиот партнер, а истото важи и за оние кои се во брак. Слободните претставници на овој знак ќе ги загрижува тоа што се сами.

Здравје

Сеуште добро се чувствувате, но сепак посветите малку повеќе внимание на вашата здравствена состојба.

Извор: Астромагазин.мк

#Коментари