понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 67

Пекол во семејството: Се мажи српската пејачка од која родителите се откажаа јавно!

Периодов медиумите од регионот на големо пишуваат за бракот на пејачката Надица Адемов(21) и клавијатуристот Далибор Станојевиќ(40) кои и официјално ја закажаа венчавката.

На церемонијата ќе присуствуваат нивните пријатели, кумовите, колегите од естрадата, но судејќи според се, нејзините родители нема да се појават на веселбата во еден белградски хотел.

-Се е договорено. Пејачката избра венчаница , а веќе се испратени и поканите до гостите, вели извор близок до двојката.

Кумот на младите е пејачот Ќира, додека невестата за сведок го избрала естрадниот менаџер Ѕвонко Грујиќ.

Инаку, младоженецот од претходниот брак има три деца, а пак родителите на пејачката јавно се изјаснија дека се откажуваат од своето дете.

 

#Коментари
[fbcomments]