среда, 20 септември 2017  |  Вести денес: 74

Збогум на казните: Сега постои начин начин како да се избегне полицијата!

Возачите од Бања Лука пронашле начин како да ги избегнат блиските средби со полицијата и плаќањето на казни за сообраќајните прекршоци и тоа со помош на група која ја формирале на социјалните мрежи, пишува Независне.

Пред неколку месеци, тие направиле група под името „Полицијата Застанува БЛ“, која моментално вклучува 200 луѓе и во која разменуваат информации на кои места се наоѓаат патролите на сообраќајната полиција и какви контроли прават.

Штом некој примети патрола, ги информира останатите во групата, а правилата се исти за сите.

Неозбилните возачи, кои праќаат лажни информации веднаш ги отстрануваат од групата.

Слична страница се појавила и на фејсбук, а од Министерството за внатрешни работи на Република Српска велат дека немаат ништо против ваквите активности, се додека тие не се противзаконски и дека ваквата комуникација помеѓу возачите дури и ја зголемува сигурноста во сообраќајот.

извор:сител.мк

#Коментари