четврток, 21 септември 2017  |  Вести денес: 66

Еве кои нешта ги прават машките срца да треперат!

Нека се обидеме да ја разоткриеме машката психа и која „жичка“ каде да ја вклучиме, за да откриеме кои се нештата кои ги прават машките срца да треперат до таков степен што ги тера да ве посакуваат дури пред и да сте го и допреле.

Мажите имаат силни визуелни рецептори. Тоа е специфичност на што треба најпрво да го концентрирате вашето внимание. Факт е дека мажите лесно се возбудуваат од гледката, која се открива пред нив, па затоа искористете го тоа, за да ги зголемите степените на скалата во ваша полза.

Возбудете го со насмевката и вашата самодоверба. Едно од оние нешта што ги возбудуваат мажите е среќната насмевка на уверената жена што знае што сака. Среќа поради она како се чувствуваш и како изгледаш во моментот, чувството дека се справуваш со животот. Тоа ги возбудува мажите.

Мажите се исто така интелектуални суштества. За да возбудите маж без да го допирате, треба да го возбудите интелектуално. Заинтригувајте го духовно. Откријте тема на која и вие сте приврзаници и ве интересира, исто како и него. Тоа не значи дека треба да доминирате во разговорот, но значи дека треба да се вклучите со сопствена позиција и мислење, што ќе ја одразува вашата гледна точка.

Откријте и најдете нешто во него, што никоја друга не успеала да го види. Дајте му да разбере, дека е различен од другите мажи и дека вие сте убедена во тоа.

За да возбудите еден маж и да го одржувате неговиот интерес жив, се бара да го ангажирате и визуелното и интелектуалното. За долготрајна врска треба да ги вклучите и двата механизми, како еден нормален однос помеѓу двајца.

извор:боза.мк

#Коментари