недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 38

СУДОТ ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Северина го загуби старателството над детето?

Последното рочиште на поранешните сопружници Северина и Милан беше пред месец и пол, од кое излегол со насмевка на лицето.

Пејачката тогаш не дошла во судот бидејќи отпатуваа на турнеја во Америка. Подоцна дознала дека судијата донел привремена мерка според која Александар (5) една недела ќе живее со неа, а една недела со Поповиќ. Поточно детето една недела во јули и една недела од август ќе ги помине со неа, а остатокот со татко си.

Судот одлучил Северина 200 дена годино да не го гледа синот, а додека е со таткото, смее да телефонира еднаш дневно и тоа во 20 часови. Ако задоцни само неколку минути, не може да зборува со неа, бидејќи ја прекршила привремената мерка.

Нејзиниот адвокатски тим се жалел на оваа одлука од судијата. Се надеваат дека судот до средината на јули ќе ја отфрли таа привремена мерка.

Не е вистина дека Северина го загуби старателството. Вистина е дека е донесена мерка, која е надвор од сите законски прописи, кои не би ги коментирал, изјавил менаџерот на пејачката.

#Коментари
[fbcomments]