петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 56

Кога е вистинско време за замена на истрошените гуми?

Кога се менуваат гумите на автомобилот? Според многумина експерти промената на гумите обично се препорачува кај: летни гуми – 2 mm длабочина на профилот, гуми со ултра високи перформанси – 3 mm длабочина на профилот и зимски гуми – 4 mm длабочина на профилот. Сепак, Michelin ги предупредува корисниците дека тоа е погрешно верување и дека гумите не треба да се менуваат прерано, бидејќи тоа е бесмислено.

 

Од францускиот производител на премиум гуми велат дека вообичаено мислење е дека гумата е се помалку ефикасна како што се троши. Но, исто така, велат дека премиум гума со длабочина на шарата од 1,6 милиметри според перформансите е подобра од некои нови нискобуџетни гуми. Исто така, како се трошат, гумите стануваат „поштедливи“ во смисла на тоа дека автомобилот троши помалку гориво, бидејќи се намалува отпорот при тркалање.

Кога секој во ЕУ би ги менувал гумите на возилото кога шарата ќе достигне длабочина од 3 mm, наместо 1,6 mm, непотребно би била фрлена сума од дури 6,9 милијарди евра годишно врз основа на непотребно купување на гуми и дополнителна потрошувачка на гориво, велат во Michelin. Тоа пак би резултирало со 128 милиони повеќе гуми на годишно ниво во Европа, што пак за последица би имало дополнителни девет милиони тони на јаглерод диоксид во атмосферата.

„Сугестијата гумите да се заменат порано е слично на извршување на планирано застарување“, вели портпаролот на Michelin. „Купувачот нема да ги фрли чевлите затоа што им треба чистење или паста за заби која е до половина полна. Зошто би го направил тоа со гумите, ако е уверен дека и понатаму е сосема безбедно да продолжи да ги користи?
Предвремената замена на гумите го намалува векот на траење на производот и се зголемува фреквенцијата на замена. Не само што на клиентите треба да извршат непотребна набавка, туку тоа има и значително влијание врз животната средина“.

Michelin апелира до здруженијата на потрошувачи да спроведуваат повеќе тестови на гумите што се во законски лимит, како и до купувачите, да размислат пред предвремено да ги заменат гумите.

извор:додајгас.мк

#Коментари