среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 0

Тајзи ја најде својата „Омилена“ (ВИДЕО)

Македонскиот пејач Драган Величковски, на естрадата познат под уметничкиот прекар Тајзи има нова песна. Само што оваа му е „Омилена“… барем според насловот. Музиката е заедничко дело на самиот Тајзи, кој ги напишал и стиховите за песната и македонскиот хитмејкер Лазар Цветковски, кој уште го потпишува аранжманот, а стои и зад миксот и мастерингот.

Темата е во препознатливиот стил на уметникот, во латино-реге стил, со брз, танцов ритам и љубовна порака во текстот, која еднакво ги допира и машките и женските чувства и неповратно буди емоции, па затоа и сериозно претендира да биде вистински летен хит. Летно освежување за на радио, и музика за дневни забави на плажа или ноќни журки до утринско изгрејсонце.

Како и да е, на  Тајзи повторно му успева да го сочува стилот, музичкиот идентитет и сопствената препознатливост, а во исто време одново да биде свеж во изразот, атакувајќи на уште еден хит! Или што би рекле: исто е, ама сепак различно, ново, певливо и убаво звучи, а младите токму тоа го сакаат!  Над се, се работи за македонска музика и македонски автори и изведувач!

Видеото во потполност ја следи музиката, а приказната во него едноставна, ама сепак, возбудлива, љубовна, емотивна и со happy end… и секако перфектно технички стокмена.

Како режисер и директор на фотографија на спотот се потпишува Илија Зоговски, во снимањето го надополнил Борис Јосифовски, монтажата и колор корекцијата се на Бранчез... додека зад видеото стои продукцијата Балкатон!

Слушнете, погледнете и кажете дали и Вам оваа ви е „Омилена“… песна од Тајзи!

#Коментари
[fbcomments]