среда, 20 септември 2017  |  Вести денес: 74

Не е „зебра“ за секое „копито“! (ФОТО)

 

Скопје… Македонската метропола… Центар на градот… Пешачки премин…или  таканаречена зебра. Место каде секој нормален, со барем грам сообраќајна култура знае дека треба да подзастане со автомобилот, за да им даде предност на пешаците да поминат.

Освен… ако не си возач  кој извадил лекарско со врски, па пешачкиот го сфатил обратно: Како место на кое пешаците треба да подзастанат, за тој да помине со автомобилот… И тоа паралелно со нив, преку тротоарот, меѓу металните ступчиња, од едната на другата страна на булеварот.

Фотографијава подолу е потврда за она што некогаш не учеа:  Дека, не е „зебра“ за секое „копито“!

 

#Коментари