среда, 20 септември 2017  |  Вести денес: 74

Еден од најголемите пиратски сајтови може да стане недостапен во Европа

„The Pirate Bay“ е еден од најголемите пиратски сајтови. Во текот на последната деценија овој сајт неколкупати беше затворан, па повторно отворан, но и константно тужен. Еден судски спор може да доведе до крај на оваа веб страница.

Европскиот суд на правдата им наложи на холандските интернет провајдери да го блокираат пристапот на корисниците кон овој сајт, зашто им овозможува да дојдат до пиратизирани материјали.

Судот заклучил дека „The Pirate Bay“ ги крши авторските права на содржините кои може да се најдат на сајтот.

Оваа одлука би можела да отвори врата со која други провајдери ширум Европа ќе го блокираат пристапот на своите корисници кон тој, но и други торент сајтови.

Случајот се води од 2009. година откако антипиратската група BREIN покрена тужба против холандските интернет провајдери Ziggo и XS4ALL.

извор:курир

#Коментари