сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 31

Алфа или омега мажјак – кој тип на мажи е омилен помеѓу жените?

Вечното прашање кое ги интригира мажите е – какви типови ги привлекуваат жените? Подолу се наведени карактеристиките на алфа и омега мажите, но постои уште еден тип – тоа се бета мажите.

Алфа мажите повеќе ги привлекуваат жените во текот на плодните денови бидејќи тогаш потсвеста го бира потенцијалниот татко на нивното идно дете. Поради тоа, алфа мажот мора да “блешти” од тестостерон, мора да биде здрав, силен и доминантен и да биде способен да се грижи за својата фамилија. Ваквите инстинктивни нагони останале во нашето однесување од нашите пештерски предци.

Но, кога тој период ќе помине, многу жени се одлучуваат за омега типовите бидејќи тие се помирни и лесно ги препуштаат одлуките на жените.

Сепак, некои жени никогаш во животот не би одбрале омега мажи пред алфа. Вистината е дека омега мажите ретко знаат да бидат доминантни – тие секогаш се потпираат на жените и оставаат тие да ги водат во животот. Омега мажите се одлични во комбинација со алфа жените.

Алфа мажите се:

• доминантни
• самоуверени
• понекогаш егоцентрични
• сакаат да имаат сè под контрола
• страствени
• имаат мажествена градба на телото
• сакаат да бидат лидери
• често се непредвидливи
• многу се активни
• не се плашат од нови работи
• имаат натпреварувачки дух
• не бараат одобрување од другите
• не се склони кон насилство
• екстровертни
• имаат многу пријатели
• знаат да се снајдат во кризни ситуации


Омега мажите се:

• мирни
• нежни кон жените
• имаат послаба градба
• паничат во кризни ситуации
• не се авторитативни
• знаат да бидат несигурни
• избегнуваат ризици и конфликти
• лесно препуштаат одлуки на жените
• сакаат да бидат сами
• не сакаат изненадувања
• интровертни
• немаат многу пријатели
• најудобно се чувствуваат во познато опкружување

Какви се бета типовите на мажи?

Бета мажите се љубезни и сакаат да ги исполнуваат туѓите очекувања. Тие се често несигурни, па поради тоа бараат совети од другите. Ваквите типови на мажи се многу чувствителни и емоционални, но знаат да бидат и пасивно-агресивни кон другите. Тие ретко ги признаваат своите грешки, а за направените услуги секогаш бараат нешто за возврат.


Никогаш не преземаат одговорност, пробуваат брзо да ги решаваат проблемите и често се видени во друштво на жени отколку на мажи. Бета типовите на мажи се десна рака на алфа мажите, бидејќи нивните наредби ги извршуваат без приговор, пренесува alphamale.co.
извор:точка.мк
#Коментари