среда, 20 септември 2017  |  Вести денес: 74

Му се смачи од политика, па среде седница си пушти порно!

Во аголот на фотографијата е воочливо како еден од пратениците е загледан во мобилниот на чиј екран се гледа нешто како порнографија.

Пратеничката во британскиот парламент Ана Соубри на Твитер објави фотографија од парламентарната седница  и покрена вистинска лавина на социјалната мрежа.

На твитерџиите веднаш тоа им падна во очи и почнаа масовно да ја споделуваат фотографијата. „Што му е тоа на мобилниот?”, „Гледа ли тој порно филмови?”, „Баш добро прави”, коментираа твитерџиите.

Ана Соубри во меѓувреме ја избриша фотографијата од својот профил, но таа веќе се прошири низ интернетот.

Сепак, се чини дека на Британците тешко може да се поверува дека нивен член на Парламентот гледа порно филмови на работа, па се појавија теории според кои тој гледа во фотографија од 1958 година на која танчерки играат шах.

извор:сител.мк

#Коментари