четврток, 24 август 2017  |  Вести денес: 14

Дара повторно е соло: Како гром од ведро небо – пејачката го откачи младиот кошаркар, а еве и зошто…

Фолк ѕвездата Дара Бубамара стави точка на емотивната врска со кошаркарот Душко Буниќ. И додека на работно поле и цветаат ружи, љубовниот живот на Дара моментално е празен. Таа реши да го остави 14 години помладиот кошаркар, зашто не можела да излезе на крај со неговата љубомора.

-Дара навистина беше среќна крај Душко и беа многу заљубени, но кога станува збор за познати тука секогаш има притисок и рани проблеми. Дара е позната како позитивна личност, но и мамка за посилниот пол, па Душко често имаше испади поради тоа, открива другарка на пејачката за српските медиуми.

Потсетуваме, Бубамара до пред неколку дена постојано објавуваше нови фотографии со Душко на Инстаграм, а пота како гром од ведро небо излезе нејзиното соопштение за фановите во кое тврди дека е соло.

#Коментари
[fbcomments]