петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 76

ЖЕШКИ РИБИ: На својата роденденска прослава Цеца облече секси бел комбинезон, а Анастасија жолт фустан (фото)

Светлана Цеца Ражнатовиќ го прослави својот 44-ти роденден во еден ресторан на Дедиње.

За оваа пригода фолк пејачката облече бел комбинезон, кој ја истакна нејзината линија и бујните гради.

Нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ овојпат избра жолт фустан и направи бранови во косата. Двете изгледаа беспрекорно.

Анастасија отворено изјави дека Цеца и е најголемата инспирација во животот. Во честитката таа и порача:

Блескај, блескај, ѕвездо најголема! Среќен роденден мамо! Никогаш да не го изгубиш својот сјај и секогаш да бидеш токму таква каква што си. Ти не заслужуваш ѕвездено небо, ти ја заслужуваш целата вселена. Секогаш си ми била најдобриот пример и никогаш не си ме изневерила. Секогаш си грациозна како ѕвезда, висока и недопирлива, а наедно предмет на воодушевување и љубов.

#Коментари
[fbcomments]