среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 0

Зошто вишните се добри за организмот?

Вишните не се добри само поради вкусот, туку помагаат кај несоницата, болките и се природен антиоксиданс. Тие даваат чувство на ситост и го чистат организмот. Богати се со витамини А, Ц, фолна киселина, калиум, магнезиум, железо и влакна.

Помагаат во превенцијата од бројни здравствени проблеми. Вишните се добар извор на мелатонин, хормон кој го регулира циклусот на спиење.

Антиоксидансите се борат против слободните радикали и го успоруваат стареењето на кожата.

Вишните ги олеснуваат болките во мускулите и зглобовите.Богати се со калиум кој помага во регулирање на чукање на срцето, крвниот притисок и го намалува ризикот од хипертензија.

Извор: Мама365

#Коментари