среда, 20 септември 2017  |  Вести денес: 74

Дали би се осмелиле да се повозите на 445 метри? Највисокиот рингишпил во светот се врти во Кина

Рингишпилот се состои од 16 тркалезни стаклени кабини кои лесно се ротираат по шините околу кулата, а посетителите имаат неверојатен поглед на градот.

London eye е висок 443, а овој рингишпил во Кина 455. Но, лондонскиот е изразен во стапки (што е околу 135 метри), додека Bubble Tram на Canton Tower во Гуангжу е висок неверојатни 455 метри и поради тоа е највисокиот хоризонтален рингишпил во светот.

Тој се состои од 16 тркалезни стаклени кабини кои лесно се ротираат по шините околу кулата, притоа овозможувајќи им на храбрите посетители одличен поглед на градот.

Оние кои го испробале од прва рака препорачуваат возење во самрак, кога градот се трансформира во спектакуларен пејзаж осветлен со LED светла. Но, предупредуваат дека, доколку надвор е магловито, не се исплаќа да се возите, бидејќи видливоста е многу мала.

Canton Tower е изградена во 2010 година, а подоцна е направен Bubble Tram. Кулата е највисоката зграда во Кина и четврта највисока во светот.

Рингишпилот е отворен секој ден од 9:30 до 22:30 часот, а влезниците за Bubble Tram и другите атракции, се купуваат кај влезот.

Дали вие би се осмелиле да се качите на овој рингишпил?

Извор: Точка
#Коментари