Еден од најпопуларните фудбалски тренери, Јирген Клоп, и германскиот производител Opel ќе продолжат да бидат партнери и во наредните три години. Менаџерот на Ливерпул потпиша нов договор за овој период во кој ќе продолжи да биде амбасадор на брендот.

Opel и Клоп работат заедно од 2012 година, кога тренерот беше на чело на Борусија од Дортмунд. Во 2015 година, германскиот тренер го презеде Ливерпул и продолжи да ги исполнува своите обврски кон производителот од Риселсхајм.

„За нас е големо задоволство тоа што Јирген останува дел од семејството на Opel, бидејќи тој си одговара идеално со брендот Opel. Тој е докажан поддржувач на многу нешта кои Opel претставува денес и сака да стане олицетворение на напредокот на брендот“, вели маркетинг директорот на компанијата Тина Милер.

Самиот Клоп бил лично до Риселсхајм за да го добие подарокот за својот 50-ти роденден (16 јуни). Станува збор за Opel Insignia Grand Sport со десен волан и со специјален бела боја – Abalone. Возилото е опремено со 2.0-литарски бензински турбомотор, развива 260 КС и има 8-степен автоматски менувач.

„Се заљубив во новата Insignia, уште првиот пат кога ја видов. Во Ливерпул велиме едноставно: кул е“, коментира во него стил Клоп.