недела, 25 јуни 2017  |  Вести денес: 51

ДНК со голем концерт во Штип

По одличниот скопски концерт и преполната Метрополис Арена во Скопје рнб двоецот ДНК или Панчо и Андреј следната целовечерна, концертна дружба со публиката ја закажа во Штип.

Љубителите на музиката на ДНК ќе имаат можност да уживаат во нивните хитови, изведени со придружба од нивниот бенд, а први во рамки на најавената летна турнеја можност ќе имаат штипјани и проектот N8 Factory, што токму со Панчо и Андреј ја стартува серијата концерти на отворено.

-„Срце“, „Што сака нека биде“, „Север и југ“,„Она е од Шутка“, „Авион“, „Само таа знае како“, „Најмила“, „Стојам сам“, “Полна месечина”, “Навлечен на тебе”, “Пази се од мене”… штипјани ве очекуваме на 17 јуни заедно да ги отпееме нашите рефрени – велат момците од ДНК.

Концертот почнува во 21 часот, а влезниците во претпродажба може да се набават во кафе-бар Џет и на самата врата на денот на концертот во N8 Factory (во кругот на станицата за технички преглед ПСС – Штип), но тогаш по 30% поскапа цена.

#Коментари